Соопштение за јавност
Добровечер и од мене, во шестата изборна единица, регионот кој го живее концептот едно општество за сите, СДСМ излегува со понуда која сплотува и носи напредок и развој. Затоа СДСМ е фаворит и победник а во шестата изборна единица ќе победи со
Хамдија за Тетово, Мирко за Брвеница, Џезми за Врапчиште, Дарко за Јегуновце.
Во општините Гостивар, Боговиње, Теарце и Желино ќе го понудиме најдоброто преку листите за советници.
Ова се луѓето кои ќе донесат уште една нова голема победа на СДСМ и Коалицијата.
Пред четири години наследивме општини заглавени во долгови, без планови за развој, опустошени. Заедно ставивме крај на режимот и тргнавме да ги консолидираме локалните самоуправи.
Денес имам финансиски стабилни општини, општини кои сами и во соработка со централната власт реализираат капитални проекти кој го поттикнуваат економскиот раст и отвораат нови шанси и можности за сите граѓани.
Позитивните промени се случија насекаде низ државата и тие треба и мора да продолжат со СДСМ и коалицијата.