fbpx

Спасовски од Куманово: Оливер Илиевски е најдобриот градоначалник кој ќе му служи на народот и одлучува заедно со него

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски денеска со кандидатот за градоначалник на Куманово Оливер Илиевски имаа средба со граѓаните на Романовце и Пчиња.

Комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите на граѓаните во општините ширум државата остануваат еден од главните приоритети на СДСМ.

„За таа цел, како одговорна социјалдемократска партија, ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, како и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот.

„Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Куманово е човек од доверба, искрен, чесен, домаќини. Близок до граѓаните, постојано на терен, лесно достапен, имаа слух за потребите и сугестиите на граѓаните“, истакна Спасовски.

Потпретседателот Спасовски потенцираше дел од проектите за кои е сигурен дека кандидатот Оливер Илиевски ќе ги реализира како изработка на проект и изградба на канализациона мрежа и реконструкција на училишниот двор, детско катче за Романовце. Изградба на водоводна мрежа, дислокација на депонијата, асфалтирање на патот од мостот до Бислимска клисура, изработка на филтер станица за Пчиња.

„Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери. Само директната, редовна и двострана комуникација може да создаде систем за брза реакција на проблемите во општината. Оливер Илиевски ќе биде целосно достапен секојдневно за граѓаните за секој еден проблем да се најде решение“, потенцираше на крај Спасовски од своето обраќање пред граѓаните.

Последни вести