Соопштение за јавност
Кандидатот за градоначалник на општина Демир Капија од СДСМ и Коалицијата, актуелниот градоначалник Лазар Петров, вечерва пред своите сограѓани ги презентираше сработените проекти во изминатите четири години, како и планираните за наредниот четиригодишен период и ја побара нивната доверба за да продолжи развојот на општината.
Во изминатите 4 години Демир Капија од општина која должи се претвори во општина, која инвестира и во која се создаваат нови работни места, во која се гради, истакна Петров, додавајќи дека со чесно и домаќинско работење, ништо не е невозможно, и покрај решавањето на долговите може да се реализираат големи проекти.
Тој наведе дел од проектите реализирани во изминатиот период, како асфалтирање на патот до село Клисура, регионалниот пат од село Бистринци и Лимска река, дел од регионалниот пат Демир Капија-Корешница, клучката кон автопатот со ново сообраќајно поврзување, доградена е фекална канализација во Бистринци, и во Чифлик.
Целосно е реконструирано училиштето во Прждево, во централното училиште се поставува енергетски ефикасна фасада, изградена е градинка во Корешница, центар за ран детски развој во Бистринци, истакна Петров, додавајќи дека изградбата на социјалната зграда е во напредна фаза.
Направивме кино сала во Домот на културата Мирка Гинова, а третата фаза од реконструкцијата на домот ќе ја извршиме благодарение на пренаменетите средства од ТАВ програмата, истакна Петров.
Меѓу планираните проекти за наредниот мандат, Петров ги издвои изградба на училишна кујна во училиштето Димка Габерот, изградба на автобуска станица во градот, прочистителни станици за отпадни води, развој на спорт и спортски објекти со отворање на центар за искачување на болдер карпа, хортикултурно уредување во Корешница, фекална канализација во Прждево и Дрен.
Тој најави и инвестиции на повидок, и тоа едната во вредност од 50 милиони евра и тоа ветерен парк Дрен 1 и Дрен 2, како и биогасна централа, во вредност од 20 милиони евра, кои ќе отворат нови работни места во општината.
Време е за клучна одлука и вистински избор, дали Демир Капија ќе оди напред и ќе се развива или ќе стагнира, за тимот што го носи најдоброто за Демир Капија на 17 октомври гласајте за бројот 12, порача кандидатот за градоначалник на општина Демир Капија од СДСМ и Коалицијата, актуелниот градоначалник Лазар Петров