fbpx

Спасовски од Куманово: Комуналната инфраструктура ќе остане во фокус на реализација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Ќе продолжат инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопходна за развој на алтернативниот туризам. Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија“, рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ на средбата со граѓаните на Зелен рид и Черкезе во Куманово.

Продолжуваме и покрај лошите временски услови со средби со граѓаните во мое Куманово, продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град, секое село, затоа што се грижиме за сите.

„Во изминативе 4 години посебна грижа водевме за локалните патишта и инфраструктурата во општините. Владата вложи 120 милиони евра во Куманово. Рехабилитиравме над 85 километри локални и регионални патишта“, рече Спасовски.

Тој има порача на граѓаните на 17 октомври да гласаат за СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Последни вести