Соопштение за јавност
Поторетседателката на СДСМ, Мила Царовска и кандидатот за градоначалник Александар Филиповски, денеска се сретнаа со кандидидатите за советници и со жители на Општина Аеродром.
На средбата се зборуваше за досега сработеното, но и планираните идни активности на централно и на локално ниво.
,,Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во Аеродром, но и во сите други општини и населени места во државата.Не градиме за да се фалиме, туку да ја модернизираме државата. Изминатиот период се фокусиравме на подобрување на општинската инфраструктура. Инвестираме во нови училишта, реконструкција на веќе постоечките, нови градинки и спортски сали. Со овие инвестиции вложуваме директно во децата, во младите, во сегашните и идните генерации. Со Александар Филиповски Цанде, ќе направиме уште повеќе за Аеродорм во следните 4 години. Затоа ве повикувам да гласате за бројот 12 и со тоа да изберете подобра иднина на за вашите деца, внуци, соседи…Со Цанде одиме на сигурна победа затоа што со неговата одговорност, чесност и посветеност заслужува да ја води оваа општина’’, рече во Аеродром.
Потпретседателката на СДСМ истакна дека Владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше во подобрување на условите за развој на децата во општина Аеродрром.
Во март 2020 година почна изградба на нов училишен објект за ОУ Димитар Македонски, за што во 2020 година инвестиравме 57,8 милиони денари, а во 2021 година издвоивме дополнителни 58,4 милиони денари. Во 2020 година е саниран и покривот на ОУ Лазо Ангеловски, во што вложивме 9,7 милиони денари. Планирана е изградба на нова спортска сала за ОУ Гоце Делчев во селото Долно Лисиче за 199 ученици и за училиштето Кузман Јосифовски Питу, кое што го посетуваат 450 основци.
Во градинката Буба Мара, во клонот Пчелка 2, во 2020 година е заменет нееколошкиот систем за греење, а прочистувачи на воздух се обезбедени за основците од училиштата Лазо Ангеловски, Љубен Лапе, Горгија Пулевски, Гоце Делчев, Димитар Македонски и од ОУ Браќа Миладиновци.
,,Продолжувањето на нашата заложба за подобри услови во образованието се гледа, во зголемените на 1 милијарда денари за капитални инвестиции што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година а еден од критериумите за добивање на Средсвата беше пристапноста за учениците со попреченост.