fbpx

Северна Македонија дава пример за транспарентност – Владата и министерствата најотворени во регионот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Македонската Влада е најотворена и исполнува 83,43% од поставените критериуми за отвореност, покажува истражување кое ги опфатило главните државни институции во земјите од регионот. Следува Советот на министри на БиХ со 74,9%, а на трето место е Владата на Црна Гора со 59,46%.

-Како прва земја во регионот што објави и имплементира Стратегија за транспарентност, Северна Македонија даде пример како институцијата треба систематски да пристапува и да ги насочува своите напори кон проактивна транспарентност и отвореност кон своите граѓани, – се вели во заклучоците на истражувањето на регионалната мрежа на Граѓанската организација „Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“.

Оттаму посочуваат дека најдобри резултати за отвореност имаат повторно министерствата од Северна Македонија со 62%, а потоа министерствата на Црна Гора со 57,9%, министерствата во Србија со 48,7%. Регионалната перспектива служи како референца за тоа како напредуваат државите во регионот кон подобрување на доброто владеење и владеењето на правото што ги води кон нивната стратегиска цел – членство во ЕУ.

Последни вести