fbpx

Заев за ТВ Алсат: За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, сега законот и борбата против криминалот важи еднакво за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Зоран Заев во интервју за ТВ Алсат на новинарското прашање за борбата против корупцијата истакна дека има огромна разлика помеѓу принципите на владеење на актуелната Влада предводена од СДСМ со она што некогаш го правеше ВМРО ДПМНЕ.

„Симболот на корупцијата и криминалот е во нашиот политички опонент ВМРО ДМНЕ и тоа секојдневно се докажува со правосилни судски пресуди. Луѓето од тефтерчињата се уште тука, во јавната администрација, во правосудството. За разлика од ВМРО ДПМНЕ, оваа Влада целосно ги адресира овие прашања, започна цела кампања за борба против криминалот и корупцијата и покажа дека законот важи еднакво за сите“, нагласи Заев.

Најважно е тоа што законот е еднаков за сите, рече за ТВ Алсат Заев, и додаде дека денес ако се гонат сите, без разлика на нивната политичка припадност, и во судска постапка се утврдува кој е виновен а кој не.

„Во нивно време тие крадеа, правеа криминал, а други одговараа. Во денешно време секој што се огрешил кон законот, е еднаков пред законот. Секако презумпцијата на невиност треба да се почитува за сите. Секогаш сум бил принципиелен по ова прашање. Сум бил за тоа и како опозиционер – независно на кого се однесува, дали на високи претставници на ВМРО ДПМНЕ или на други. Судот ќе покаже дали има кривично дело или не“, потенцираше претседателот Зоран Заев во интервју за ТВ Алсат.

Последни вести