Соопштение за јавност
Почитувани граѓани,
СДСМ пред вас ја презентира најдобрата кадровска и програмска понуда која гарантирано обезбедува развој на општините и на земјата и за која е потребна вашата поддршка.
Граѓаните бараат резултати, напредок, подобар живот, развој.
СДСМ подготви проекти и кандидати кои можат најдобро да сработат за развој, за соработка, за подобар живот – во секое маало, секое село, секој град, секоја наша општина, во целата наша убава татковина.
Напредокот и развојот на општините е можен и изводлив само преку соработка.
Соработката меѓу градоначалникот, членовите на локалниот совет и централната власт е клучна и нужна за да продолжи развојот на општините кои одлучиле да одат напред.
Развојот на општините сериозно зависи и од локалните совети.
Гласот за најдобриот градоначалник оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа.
Да не ризикуваме бидејќи од другата страна се закануваат блокади. Ако кога од спротива имате закана со блокада, нема подобро решение од тоа да гласаме ЗА соработката меѓу најдобриот кандидат за градоначалник и најдобрите кандидати за советници.
Затоа, ве повикувам, во недела, да гласаме за градоначалници и советници кои ќе соработуваат и ќе реализираат проекти, а не за оние кои ќе блокираат и кочат. Да гласаме за развојот што го нудат советите на СДСМ, а не за блокадите со кои се заканува ВМРО-ДПМНЕ.
Да не дозволиме за пусти партиски интерес да го закочат развојот на општините.
Да не им дозволиме да блокираат градинки, училишта, улици, водоводи, канализации, паркови. Изградбата не смее да биде запрена од лошотијата и неспособноста на Мицкоски и неговите советници.
Видовме сите што сѐ блокираше ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Илјадници амандмани поднесоа за да не стигне економската помош кај граѓаните, за да не се гради нов Клинички центар, за недела да не биде неработен ден за работниците.
Но, колку и да блокираат, кога се малцинство, не му можат ништо на народот.
Затоа, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат малцинство во советите. Блокадите повторно да бидат поразени.
Гласајте за советници кои ќе бидат одговорни кон својот народ, кои ќе иницираат и нема да блокираат соработка со централната власт. Сите заедно да кажеме НЕ за блокаторите.
Да гласаме за развојот и за СДСМ, а не за блокадите на ВМРО-ДПМНЕ.
Да гласаме за Најдоброто, да гласаме за број 12 за кандидатите за градоначалници, за број 12 за листите за советници.