fbpx

Заев од Центар: Ние сме лидерите на едно општество за сите во недела сите обединети околу Петре Шилегов и бројот 12

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес одржа серија на маалски средби со граѓаните на општина Центар. На повеќе локации Заев ја испрати истата порака за обединување за бројот 12 за Петре Шилегов и за Горан Герасимовски.

„Важно е секое маало, важна е секоја педа од Скопје да продолжи да се развива модернистички а не со барок, споменици, не со шмизли, не со музеи секакви. Важно е да се развива за граѓаните, за младите луѓе да ни останат тука, тука да работат.

Затоа Скопје ќе продолжи по патот по којшто тргна. А овој пат, јас сум убеден дека ќе победиме овде во Центар со повеќе од 5.000 гласа и за вашиот иден градоначалник Горан Герасимовски и за Петре Шилегов.

Затоа што имате добри луѓе за кандидати, луѓе кои се добро упатени, добро поврзани и со централната власт, ги знаат во детали сите проблеми. Имаат големи дела позади себе, еве ова навистина големо здание ја дига материјалната вредност на имотот на цело Крњево, на сите жители кои се овде, го менува животот, го европеизира животот и тоа е само најголемиот доказ колку сме ние поразлични од нив.“

Заев се осврна и на очајничкото бегство на Данела Арсовска од дебата во целиот изборен период, кој потсетува на најтемните времиња на режимот на Груевски од соочување со фактите. Притоа тој рече:

„Жално е што овие денови се обидуваат да го потценат, да го излажат и изманипулираат нашиот народ. Зборуваше Петре, ние немаме проблем како се изјаснува граѓаните во својата определба , дали Данела се чуствува Бугарка или не, ние сме лидери на едно општество за сите, секој може да биде кандидат во оваа држава. Но, да го лажеш својот народ и да манипулираш во камери, ја прашуваат – „Абе кажете, кажете дали е вистина или не?“ Таа – „Тужба ќе ви поднесам“. Кога, во понеделник? Во среда? Во понеделник ќе ја заборавиме веќе Данела Арсовска, тоа е јасно на сите.“

Последни вести