Соопштение за јавност
Денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев беше помеѓу жителите на општина Чучер-Сандево. Во обраќањето повика да се обединат граѓаните за да продолжи државата по патот на напредокот, прогресот и европеизацијата.
Во продолжение интегрален текст од изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Чучер-Сандево:
“Владата покажа сериозна респонзивност, секој пат беше тука за граѓаните, поминавме тешки периоди, донесовме сериозни државнички одлуки. Денеска нашата земја чекори напред, денеска сме прогресивен свет, почитувани од целиот свет, со соседите имаме одлична соработка, развивме Опен Балкан, развиваме Берлински процес, интегрирани сме во сите меѓународни институции и денеска предизвиците кои се пред нас исправени се предизвици на подобра инфраструктура, вработени млади луѓе, повисоки плати и пензии, повисок економски стандард. Сите крупни прашања коишто ги решивме во целиот овај период позади нас, сите беа само за една цел: повисок економски стандард на нашиот народ. И тука не застануваме следните 4 години се одличен мегдан да оставиме траен убав печат за подобар економски живот на луѓето.
Затоа почитувани мои сограѓани, борба за победа во недела, сите да се радуваме”.