fbpx

Вчера Мицкоски се силеше денеска го пушти Николоски да се бламира, му испари ли мнозинството?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

До вчера Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство а денеска го пушти Александар Николовски да се бламира со иницијативата за која не се знае дали има мнозинство или веќе му испари.

Деновите пред нас ќе покажат дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за излгасување недовреба за Владата или не.

СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ.

Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.

Нема да дозволиме загрозување на постигнатото, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.

Имаме заедничка кауза, граѓанска и државничка, зад која стои огромното мнозинство наши граѓани но и пратеници.

Нашите заеднички вредности се демократијата, слободата и заедништвото и тие се многу посилни од заедничките интереси на Мицкоски, Села и Апасиев кои сакаат државата да ја вратат назад, во времето на изолација, поделби и омраза.

Последни вести