Соопштение за јавност
Со денови Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство, мафташе пред јавноста со некакви списоци, а вчера кога се поднесуваше иницијативата го снема никаде и го пушти Александар Николовски да се бламира во Собранието.
Четврток е денот кога ќе се види дали ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да собере доволно пратеници за изгласување недоверба на Владата или пак на површина ќе исплива уште еден блеф на Мицкоски.
Дали вчерашниот молк е доказ за стравот на Мицкоски од нов дебакл, дали во меѓувреме му испари долго најавуваното мнозинство?
Во меѓувреме, СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ.
Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат удолу, а народот да страда како во оние 11 години на режимот.
Нема да дозволиме ниту загрозување на се она што досега е постигнато, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество.
Огромното мнозинство наши граѓани но и пратеници, застануваат зад заедничката кауза, граѓанска и државничка.
Нашите заеднички вредности се демократијата, слободата и заедништвото и тие се многу посилни од заедничките интереси на Мицкоски, Села и Апасиев кои сакаат државата да ја вратат назад, во времето на изолација, поделби и омраза.