Соопштение за јавност
Пратеници од опозицијата јавно преку медиуми сведочеа дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата биле собирани преку лаги и измами, што само покажува дека нема поголем измамник од Христијан Мицкоски.
Дали на Мицкоски му се стопи мнозинството, па затоа е приморан преку лажни вести од белиот дворец да бара алиби?
Притисоци уцени и закани кон граѓаните, кон пратеници се одлика на ВМРО-ДПМНЕ а последен пример за тоа беа заканите и малтретирањата на пратениците кои гласаа за уставните измени.
Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите, ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци и овој пат нема да успеат.