fbpx

Мицкоски да излезе пред граѓаните, да се извини и да понесе одговорност за лагите со кои ја замајуваше јавноста со денови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Мицкоски со денови ја лажеше јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата.

Вчера тој меур од лаги се распрсна уште на почетокот на седницата во Собранието.

Очаен од поразот, Мицкоски вчера ширеше невистини за наводно киднапрање на пратеник, а истиот пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата.

Заради пустата желба за власт, Мицкоски седна на иста маса со анти НАТО и анти ЕУ структури, партии кои се против концептот Едно општество за сите.

За овој негов последен неуспех, Мицкоски не треба да бара алиби и да ја префрла одговорноста кај било кој, вината е исклучиво негова.

Народот повторно е излажан од Христијан Мицкоски и затоа наместо да шири невистини, Мицкоски треба да се засрами, да излезе и да им се извини на граѓаните, а потоа и да си даде оставка.

Граѓаните да бидат спокојни, СДСМ, заедно со сите демократски сили и пратеници ќе обезбеди стабилност и продолжување на напредокот на земјата.

Последни вести