fbpx

Се потврди дека мнозинството пратеници се за напредок, следуваат разговори со сите демократски сили

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Прашање: Факт е дека вчера не беше изгласана недоверба на Владата, но тоа дефакто не е значи стабилно парламентарно мнозинство. Вие во СДСМ какви пресметки имате како наредни чекори, дали во пресметките за зголемување на парламентарото мнозинство ги ставате само пратениците на Алтернатива, а со тоа да излезат пратениците од Беса, апропо она најавата за оставка на министерот за земјоделство Арјанит Хоџа?

Одговор: Вчера факт е дека се потврди тоа што го кажувавме цело врме, а тоа е дека мнозинството пратеници се за напредок, дека се за влез во ЕУ, дека ги поддржуваат европските интеграции на земјата, дека се за стабилни меѓуетнички односи, дека се за добри односи со соседите. Тоа е она што можеше јавноста вчера да го види и воедно да го види поразот на Мицкоски кој што со денови ја лажеше јавноста дека има мнозинство и дека ќе ја урива како што кажуваше власта. Следуваат разговори со сите демократски пратеници, со сите демократски сили, со сите демократски партии кои што го поддржуваат токму тоа што вчера и го потврдија, и секако дека во наредниот период СДСМ интензивно работи на обезбедување на напредокот на државата.

Последни вести