Соопштение за јавност
Со денови Христијан Мицкоски ја лажеше јавноста дека има 61 пратеник за ново парламентарно мнозинство и за недоверба на Владата.
Но наспроти лагите на Мицкоски, се потврди дека мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност.
Наместо да бара брзи предвремени избори губитникот Мицкоски да се извини и да даде оставка за тоа што ја лажеше јавноста.
Срамно е да ги лажеш граѓаните, да тврдиш дека пратеник наводно е киднапиран, а при тоа да не сносиш одговорност.
Сега не е време за избори туку за одговорност, пред нас се предизвици од аспект на енергетска криза, живеачката на народот и продолжување на европскиот пат на земјата.
Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари кои немаат став, кои едно зборуваат а друго прават.
Мицкоски мора да им се извини на граѓаните за сите лаги со кои ја замајуваше јавноста, а потоа да преземе одговорност и да се повлече од политиката.