Соопштение за јавност – реакција на изјава на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски почна да се фали со проекти на СДСМ и истите јавно да ги промовира.
Еден од нив е и проектот за фекална канализација во населеното место Страчинци во општина Гази Баба со кој Мицкоски денеска се фалеше, проект кој е осмислен и буџетиран од претходниот градоначалник Борис Георгиевски.
На Мицкоски кој нема идеи, проекти, програма и визија, кој знае само да шири лажни вести и деструкции, не му останува ништо друго освен да промовира проекти сработени од СДСМ.