fbpx

Мицкоски да не се крие зад соопштенија, да одговори која е неговата улога во аферата „Криминали плацеви“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секојдневно во јавноста излегуваат нови докази кои укажуваат дека аферата „Криминални плацеви“ води до Белиот дворец.

Јавноста денеска можеше да види како член на обезбедувањето на Мицкоски, Влатко Илиевски на подарок добил парцели земјиште со вкупна површина од околу 40.000 метри квадратни и како после две три недели истите ги продал за неверојатни 500.000 евра.

Покрај Илиевски во аферата се вмешани и поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево, поранешен претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ како и татко на актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Заеднички именител за сите овие лица е Христијан Мицкоски.

Затоа, наместо да се крие зад партиски соопштенија, Мицкоски да излезе пред јавноста и да каже каква е неговата поврзаност со оваа афера?

Истрагата што ја водат надлежните институции ќе ги даде сите детали. Ако се утврди одговорност мора да има санкции, секој кој се огрешил пред законот мора да одговара, без разлика на која партија и припаѓа.

Последни вести