Соопштение за јавност
Секојдневно Христијан Мицкоски се појавува на настани во општините каде се продолжуваат проекти на претходните градоначалници.
Наместо пред граѓаните, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ своите проекти ги промовираат пред нивниот партиски лидер.
Изминатата недела во работно време градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вршеа увид и пуштаа во употреба локални проекти.
Дали се тоа градоначалници на сите граѓани или градоначалници само на ВМРО-ДПМНЕ?
Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините.
Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините?
Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка?
Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски.