Соопштение за јавност
СДСМ како одговорна партија која е предводник на државата, континуирано спроведува големи реформи и дава помош секогаш кога е потребно, во интерес на сите земјоделци.
Во таа насока, Владата предводена од СДСМ усвои финансиска поддршка за ублажување на последиците од пандемијата врз производството и откупот на јаболко, ориз, грозје, како што следи:
– Поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 до 15 декември 2021 предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи или за извоз, во висина од 3 денари по килограм.
– Поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 која во период од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач или преработена во сопствен преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм.
– Поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 до 31 октомври 2021 е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 3 денари по килограм.
СДСМ на минатите парламентарни избори вети посветена работа со цел создавање услови за одржливо, конкурентно и модерно земјоделство. Едно од ветувањата во програмата „Можеме“ беше и Формирање на Интервентен фонд за регулирање на пазарен дисбаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство.
Овој фонд станува реалност од 2022 година, а буџетот за оваа намена ќе изнесува 250 милиони денари.
Буџетот на интервентниот фонд ќе биде на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со потешкотии на пазарот и проблеми во производството.
Безрезервната грижа за земјоделците, развојните политики и реформи продолжуваат понатам, тоа се стандардите по кои работат Владата и СДСМ.