fbpx

Обезбедени допонителни над 4,6 милиони евра за 1.216 нови вработувања преку Оперативниот план

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Oбезбедeни се дополнителни 284,9 милиони денари или над 4,6 милиони евра за нови 1.216 вработувања, кои ќе бидат реализирани преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување.

Целта на овој чекор е да се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливите категории.

Ова е предвидено и со Акцискиот план за реализација на препораките од заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог од јули 2021 година.

Од вкупно предвидените средства, 36.9 милиони денари се наменети за Програмата 1, односно за поддршка за самовработување (претприемништво) за дополнителни 115 самовработувања; над 135 милиони денари за мерката за субвенционирање на плати со што дополнително ќе бидат опфатени 674 невработени лица.

Обезбедени се средства и за имплементација на новата пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор за 300 невработени лица во висина од 73.8 милиони денари, како и над 15 милиони денари за мерката вработување и раст на правни субјекти за 127 дополнителни вработувања.

Со овие измени и дополнувањата во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување се обезбедува вработување на нови 1.216 невработени лица.

Со Оперативниот план во 2021 година се опфатија околу 12.000 невработени лица, преку 8 различни видови на програми во рамките на кои се содржани и одделни мерки.

До ноември реализирани се 85% од Оперативниот план за 2021 година.

Сето ова е во насока на намалување на стапката на невработеност која сега изнесува 15,9 отсто со тенденција дополнително да се намалува.

СДСМ како одговорна партија преку институциите што раководи останува посветена на реализација на мерки и политики кои го подобруваат животниот стандард на сите граѓани.

Благодарам

 

Последни вести