Прес-конференција, Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Денеска членовите на СДСМ на демократски, тајни и непосредни внатрепартиски избори, со својот глас бираа нов претседател на партијата.
На 194 гласачки места ширум државата вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ односно 86.5 отсто од активно регистрираните.
Гласањето помина во најдобар ред, без неправилности и со целосно почитување на ковид протоколите.
Досега се обработени 100 % од пристигнатите податоци од општинските изборни комисии.
Дозволете ми во името на Централната изборна комисија да ги соопштам резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ:
Кандидатот под реден број 3 на гласачкото ливче, Јован Деспотовски, освои 3.319 гласа.
Кандидатот под број 2 Фросина Ташевска Ременски освои 2.836 гласа и
Кандидатот под број 1 Димитар Ковачевски освои 37.649 гласа.
Бројот на неважечки ливчиња изнесува 602.
Согласно овие резултати во името на комисијата објавувам дека; Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ.
Му честитаме на новиот претседател, но и на останатите кандидати за демократскиот ден и натпреварот со идеи за време на овој изборен процес.
На членовите на СДСМ од име на Централната изборна комисија им честитам на успешниот изборен ден и високите стандарди што ги поставивме