fbpx

Деспотовски: Да се обидеме уште повеќе за уште подобро, продолжувам да допринесувам за СДСМ!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски, по завршување на внатрепартиските избори, му го честиташе изборот на Димитар Ковачевски за нов лидер и повика на обединување за уште подобри резултати за граѓаните. Тој направи разлика помеѓу демократските избори во СДСМ споредбено со оние во опозицијата.

Димитар Ковачевски, заедно со сите нас тука, ќе ја има обврската да се обидеме уште повеќе и уште подобро и да не бидеме авангарда само во Република Северна Македонија, туку и во регионот и пошироко, бидејќи оваа држава тоа го заслужува и СДСМ тоа го заслужува, рече Деспотовски, додавајќи дека македонската јавност денеска имаше можност да види два модели на внатрепартиска демократија, една политичка партија каде 500 луѓе гласаат за претседател и модел каде 50.000 луѓе во отворен и транспарентен процес во кампања која доликува на најголемата политичка партија во нашата држава.

Деспотовски изрази благодарност до сите членови на СДСМ кои излегоа на гласање и најави дека продолжува како обичен член на партијата да го дава целиот придонес од срце за она што претставува иднина на СДСМ и на нашата држава.

Сакам да упатам една лична порака за сите граѓани, симпатизери, кои ми пристапија директно и ја изразија нивната поддршка за сето она што го правиме, се создаде една огромна енергија, која имаме обврска да ја зачуваме, да ја негуваме и да ја развиваме понатаму и за доброто на СДСМ и за доброто на оваа држава, порача кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски.

Последни вести