Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на гостувањето во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21 зборуваше за економските мерки кои ги предлага СДСМ, а кои имаат за цел полесно и поефикасно закрепнување на економијата која е погодена од здравствената криза со корона вирусот.
„Предлогот на СДСМ опфаќа и намалување на платите на функционерите и членовите на управните одбори. Оние членови во одбори, ако се вработени нема да земаат приход од членството во одборот, а трета по ред е администрацијата. Има и друга варијтнта- кратењето на платите се надеваме би била времена мерка, ако излеземе од кризава брзо, можеме да направиме поврат на овие пари што ќе се скаратат во следните месеци. Прво велиме кратење на платите на функционерите, а потоа велиме солидаронст. За да се платат даноците, граѓаните да можат да платат даноци мора да ни функционира приватниот сектор. Ако нема приватен сектор ќе нема пари, од каде ќе се плаќа? Што ако оваа криза трае долго, што предлагаат другите партии? Критикуваат, а не нудат решенија. Среќни ќе сме ако оваа криза трае два до три месеци и ако брзо се вратиме во форма. Но ако ова трае долго, што тогаш, што ќе предложат тогаш другите?“- изјави Манчевски при објаснување на ефектите од мерките.