fbpx

Манчевски за Кликплус: Во оваа приказна сите сме заедно и мора да бидеме солидарни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Во овие времиња мора да мислиме, не само на она кој колку зема плата, туку и да покажеме солидараност, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски за емисијата Кликплус на ТВ21.

Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, бидејќи без приватниот бизнис нема плата за администрацијата, но и обратно, истакна Манчевски, додавајќи дека навистина ќе требаат сериозни напори за воопшто да се подели таа плата.

Со мерките правиме напори, но состојбата е непревидлива и ги немаме сите информации, рече Манчевски, нагласувајќи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но има и други сценарија, да трае многу подолго.

Во секој случај во оваа приказна сме сите заедно,  соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Последни вести