Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретнаа со делегација од ОБСЕ, предводена од шефот на Мисијата, амбасадорот Клеменс Која.
Претседателот Ковачевски упати благодарност до Мисијата на ОБСЕ за својот придонес што го дава особено во делот на изборните процеси, изборната легислатива, како и во делот на унапредување на демократските вредности, владеењето на правото, работата на полицијата и унапредување на меѓуетничките односи.
„ОБСЕ е важна меѓународна организација која со своето присуство и ангажман овде, дава значаен придонес во демократизацијата на целокупното наше општество. Важна е поддршката и посветеноста на ОБСЕ во делот на изборните и изборното законодавство.“ порача претседателот Ковачевски.
Шефот на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која истакна дека ОБСЕ продолжува со силна посветеност да биде вклучен во процесите на реформи, помагајќи им на институциите постојано да ја унапредуваат нивната работа. Осврнувајќи се претседавањето со ОБСЕ од страна на Република Северна Македонија во 2023 година, Која истакна дека Северна Македонија треба да ја искористи следната, 2022 година за што подобро да се подготви како земја претседавач и да даде позитивен пример на регионот и Европа со претседавањето со ОБСЕ.