fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста со вредноста на АД Славија, а токму оваа партија го раскрчми нејзиниот имот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не престануваат обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку разни конструкции да се изземат од одговорноста за раскрчмување имотот на АД Славија.

Факт е дека вредноста на АД Славија драстично е опадната во периодот 2012 – 2017 година кога имотот се цепкал и продавал по пониски цени.

Факт е дека во тој период распродадени се над 70 отсто од имотот на АД Славија.

Денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста прикажувајќи ја само приходната страна од сметката, а не и расходната.

ВМРО-ДПМНЕ има целосна одговорност за состојбата во која денеска се наоѓа АД Славија.

Со тајни продажби, зад затворени врати по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се сопственост на приватни компании, дел од нив блиски до опозициската партија.

Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решила проблемот со Славија, туку тајно, по неповолни цени, распродала две третини од нејзиниот имот.

Последни вести