fbpx

Ковачевски за Сител: Историјата не може да биде единствена тема на разговор со Бугарија, време е да зборуваме за економска и културна соработка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за телевизија Сител одговарајќи на прашање околу спорот со Бугарија истакна дека историјата не може да биде единствена тема на разговор меѓу две соседни држави.

– Со Бугарија треба да разговараме и за иднината, иднина преточена во инвестициски проекти, во инфраструктурни проекти, во економска и културна соработка. Тоа ќе ги зближи граѓаните а ќе донесе и економски придобивки за граѓаните, преку зголемената економска соработка. Така што нормално е да разговараме на тие теми, нормално е да имаме стручни работни групи по тие теми, посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски се осврна и на најавената временска рамка од страна на Бугарија истакнувајќи дека решението треба да се бара преку европските вредности.

– Разговорите треба да се водат во духот на европските вредности. Ние како држава имаме свои позиции изградени во Собранието, Бугарија исто така има изградено свои позиции и во рамките на европските вредности, почитувајќи го достоинството на двете држави сметам дека може да се најде решение и да ја почнеме првата меѓувладина конференција, порача Ковачевски, додавајќи дека го очекува премиерот на Бугарија, Кирил Петков во Скопје за да разговараат околу изнаоѓање начин за решавање на проблемот со соседна Бугарија.

Последни вести