fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да престане да лови партиски поени кревајќи хистерија во време кога сите институции и сите граѓани се фокусирани на справување со коронавирусот.
 
Владата заседава постојано и активно реагира, исто така и највисокото координативно тело кое го предводи премиерот.
 
За потсетување, и во Владата и во координативното тело, свој претставник има и ВМРО-ДПМНЕ, и тоа не било кој туку министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
 
Сѐ што има ВМРО-ДПМНЕ да предложи како мерки имаат можност секој ден да го направат преку нивниот министер и сите совети да ги дадат до институциите преку нивниот претставник. 
 
Владата предводена од СДСМ, јавноста, имаат целосен фокус на здравјето, а не на нивните партиски хистерични напади.
 
Апелираме од белиот дворец да престанат со бркање ситни политички поени,затоа што освен што е неодговорно, во овој случај е и целосно на нивна штета.
Последни вести