Одговор на новинарско прашање, Зоран Заев, претседател на СДСМ
П: Господнине Заев, со оглед дека во нашиот регион повеќето земји прогласија вонредна состојба, дали сметате дека и кај нас е неопходно ваква состојба да се прогласи?
О: Јас оставам на Владата да ги оценува ваквите работи. Сите мерки кои што се преземени кај нас дури и предничат од оние земји каде што има прогласено вонредна состојба, но вонредната состојба некој пат се прогласува и заради алатка за менаџирање на ситуациите. Пред сé мислам на здравствените аспекти. Така што верувам дека Владата ќе ги има предвид сите тие аспекти.
Јас работам и координирам со нашите политички претставници во Владата. Денеска имаме координативен состанок, вечерта имаме уште една координација. Овој целиот период помагам ресурсно и јас со многу експерти околу економските мерки, како што реков.
Верувам дека потпретседателката на Владата, министерката за финансии, министерот за економија, гувернерката, сите заедно во многу брзо време ќе ги објават самите мерки. Се прават конечни анализи, но не случајно земјите околу нас прогласија вонредна состојба, и Албанија и Косово и Србија и Грција. Гледам веројатно и ние ќе се движиме кон тоа, како посериозна алатка за полесно и поуспешно менаџирање на ваква криза предизвикана од корона вирусот.