Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски продолжува да се однесува како заменик градоначалник на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува во работно време ги узурпира и злоупотребува функциите на градоначалниците за лични и партиски цели.
Кога веќе е заменик градоначалник Мицкоски требаше да дојде на денешната седница на Советот на Град Скопје и да објасни зошто средствата за Секторот за животна средина за идната година се намалени за три пати.
Зошто Данела Арсовска ги скрати средствата за субвенционирање на набавка на инвертори за домаќинствата?
Зошто по само ден два Арсовска го укина бесплатниот превоз во ЈСП кое го воведе како мерка за намалување на аерозгадувањето?
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да излезат од режимската матрица, се што градоначалниците од опозициската партија прават е укинување на проекти и масовна партизација на општинските администрации. можат да се престројат на страната на граѓаните.
Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Мицкоски продолжува да работи на штета на интересите на граѓаните, на општините и на државата.