fbpx

Богоев за ТВ21: СДСМ ја сфати пораката од граѓаните, промените се започнати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во емисијата Клик плус на ТВ 21 истакна дека граѓаните на локалните избори сакаа да испратат порака дека дел од работите не чинат или дека некаде се јавил проблем во владеењето на партијата, додавајќи дека порака е примена и промените се започнати.

„Важно е да нагласам дека во СДСМ, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, пораката навистина се сфаќа и дека во една ваква ситуација каде условно кажано граѓаните не казнија во мнозинството општини да го прифатиме и направиме промени“, истакна Богоев.

Тој рече дека од друга страна може да се види ВМРО-ДПМНЕ со еден севернокорејски конгрес, наредени сите на една маса, а публиката седи и аплаудира, каде изминатите години и покрај изборните порази на Христијан Мицкоски и екипата не се случија промени, што не е случај со СДСМ.

Веќе на почеток на мандатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните веќе можат да насетат дека направиле грешка, за жал грешка на локални избори се носи 4 години и верувам дека граѓаните ќе ја исправат грешката и ние ќе им помогнеме со нашето работење, повторно да ни ја дадат довербата на редовните парламентарни избори во 2024 година, рече Богоев

Тој соопшти, дека новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски веќе на правиот ден на новото раководство му доделил обврски.

Ќе откријам уште од денес, првиот ден од доаѓање на новото раководство, претседателот Ковачевски подели обврски на сите, со прецизни обврски, тимови што ќе треба да ги завршат тие задачи, со прецизен начин и систем на следење на таа работа. Тоа е новина во партијата, систем, во кој секој ќе сноси одговорност ако не испорача, нагласи Богоев.

Тој додаде дека наскоро ќе бидат распишани избори во сите општински организации во СДСМ, за бирање на нови членови во раководствата на ограноците, најави засилени партиски активности на терен, започнувајќи од идната пролет и истакна дека ќе се контактира со сите членови кои се разочарани поради одредени кадровски или било какви политики на СДСМ.

Јавно им се обраќам и им подавам рака на сите во име на раководството на СДСМ да дојдат во партијата да разговараме, да дискутираме и да можат да си го пронајдат своето место, бидејќи нивното место е во СДСМ, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Последни вести