fbpx

Институциите преземаат мерки за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции во континуитет преземаат мерки за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата.

Сите расположливи капацитети за производство на струја се активирани со цел намалување на зависноста од скап увоз на струја.

Обезбедени се доволни количества на јаглен за непречена работа на РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј.

Овој месец е планирано да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. Со што, сите количини на електрична енергија за јануари потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство.

На тој начин, со активирање на сите капацитети се спречува драстичен раст на цената на струјата кон крајните корисници.

И во време на глобална енергетска криза, Владата предводена од СДСМ успешно спречи ценовен шок за граѓаните и го заштити животниот стандард.

За околу 7.500 семејства од ранливи категории се обезбедени 60 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија, а следуваат и нови мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Последни вести