Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ со години ја лажеше јавноста дека ако СДСМ дојде на власт, нема да има субвенции за земјоделците, а денес не само што има субвенции, туку тие се и покачени, истакна пратеникот на СДСМ Диме Велковски во реплика на денешната собраниска седница.
„Ако го земеме на пример тутунот. Во 2018, 2019 и 2020 година килограм тутун се откупувал по 214, 217, 220 денари по килограм. Оваа година половина тутун е веќе откупен, по просечна цена од 191 денар. За разлика од ова, во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 килограм тутун се откупувал по цена од 117 денари, што е многу помалку од 214 денари. Претходната година заради пандемијата со коронавирус дадовме дополнителна помош од пет милиони евра за тутунарите. Претходно, ја зголемивме субвенцијата за тутун однсоно воведовме три категории на субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм.“ посочи Велковски.
Велковски порача дека во последните години има огромна разлика и во реализација на странските директни инвестиции, каде владите предводени од СДСМ се далеку посуспешни од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ а тоа го потврдуваат и официјалните податоци.