fbpx

Честитка на Зечевиќ за Водици: Новите почетоци носат и нова надеж

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар Миле Зечевиќ денеска присуствуваше на церемонијата на фрлање на светиот крст во Охридското езеро по повод големиот христијански празник Богојавление Водици.

Генералниот секретар Зечевиќ на верниците од православна вероисповест им го честиташе празникот со желби за добро здравје, спокој и благосостојба.

,,На сите граѓани, православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици. Им посакувам добро здравје, пред се, спокој и благосостојба.

Симболиката на денешниот празник е духовното раѓање и верба во новите почетоци на човековото живеење. Како новите почетоци што раѓаат нова надеж, посакувам и очекувам меѓусебно почитување и помагање, да дојдеме до помирување на секое ниво.
Да се обединиме за да продолжиме напред кон подобро, но и да го заштитиме наште достоинство, нашата самобитност, нашата иднина.

Бог се јави, за многу години Водици!” истакна Зечевиќ во честитката.

Последни вести