Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Владата предводена од СДСМ и надлежните институции преземаат серија чекори за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните.
Од утре, АД ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и топлана „Скопје Север“ со што ќе се реши кризата со топлинска енергија, а граѓаните на Скопје до крајот на грејната сезона ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ.
Претходно преземени се решенија со кои се искористија сите расположливи домашни капацитети за производство на електрична енергија.
Денес, АД ЕСМ покрива 100 % од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.
Преземен е и првиот конкретен чекор за заштита на стандардот на граѓаните од покачените цени на енергенсите. Со 60 милиони денари ќе се субвенционираат месечните трошоци за струја на 7.500 семејства.
Во моментов Владата предводена од СДСМ работи на нови мерки кои ќе значат директна финансиска помош за граѓаните и стопанството за справување со последиците од повисоката цена на струјата.
Ова е одговорно, домаќинско управување на инситуциите од страна на СДСМ која секогаш работи за граѓаните.
Од друга страна јавноста гледа штетно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.
Наместо конкретни мерки и решенија за помош на граѓаните, Данела Арсовска ги игнорира барањата на скопјани и се прогласува за ненадлежна од страна на ВМРО-ДПМНЕ гледаме единство лажни вести, блокади и неосновани обвинувања.
СДСМ останува на страна на граѓаните, останува посветена на решавање на сите предизвици и заштита на животниот стандард на семејствата.