Соопштение за јавност
Додека ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува а градоначалниците од нејзините редови ги игнорираат проблемите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги решава предизвиците со енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните.
Со навремени и ефикасни мерки ангажирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, АД ЕСМ од утре го презема управувањето со БЕГ и топланата Скопје Север со што се надминува кризата со топлинска енергија.
Околу 7.500 семејства ќе добијат субвенции за сметките за електрична енергија, а ќе следуваат дополнителни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош за стопанството.
Огромна е разликата помеѓу одговорното управување на СДСМ со институциите и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.