fbpx

Барањето ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за предвремени избори во време на енергетска криза е на штета на интересите на граѓаните и економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целата политика на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се состои во тоа да ги блокира активностите на владата во Собранието, да шири дезинформации и неосновано да бара предвремени избори.

Во време кога државата се соочува со енергетска криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да понудат решенија бараат предвременипарламентарни избори за дополнително да ги закочат процесите и економијата да стагнира.

Тоа е неодговорно, нечесно и себично однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и економијата.

Граѓаните се уморни од избори и тие како и стопанството очекуваат поддршка во справување со кризата а не нов изборен процес каде со месеци секоја помош би била закочена.

ВМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни активности само ја одржува конфликтноста во земјава и создава неизвесност која негативно влије и врз процесот на нашето евроинтегрирање и врз довербата на странските инвеститори. ВМРО-ДПМНЕ има еден клучен проблем а тоа е недостаток на чувство за државност.

Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата има полн легитимитет кој го црпи од резултатите од изборите во 2020 година,редно е по повеќе од 15 години Владата и парламентарниот состав да заокружат полн мандат од четири години.

Последни вести