Соопштение за јавност
Целиот демократски западен свет кон кој се стремиме го поздрави Договорот од Преспа, ЕУ, САД, ЕК. Господинот Туск беше само еден од многуте кој кажа дека тоа е вистинскиот пат. Не може никој да го манипулира народот повеќе и да прашува што добивме. Добивме реализација на нашите две стратешки цели. Ние денеска сме членка на НАТО, рече претседателот Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Сите цели ние ги остваривме, ние денеска сме членка на НАТО и светол пример во Европа, цел свет зборува со суперлативи. Колку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ги научи овие лекции толку подобро. Казната што на овие избори ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде шанса да се реформира и европеизира, заврши Заев.