Соопштение за јавност
Наместо да лаже, да измислува и да констриуира, ВМРО-ДПМНЕ треба да признае дека градоначалникот Пецаков ги прекршил протоколите и одредбите, го загрозил здравјето на охриѓани и да побара одговорност од него.
Со невистини ВМРО-ДПМНЕ не може да го спаси Кирил Пецаков кој треба да одговара.
Пласирањето нови невистини и обдот да се изврши притисок врз институциите по секоја цена да се брани Пецаков покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ не им се важни граѓаните.
Фактите се дека целата делегација на Владата беше тестирана пред патувањето во Бугарија, а премиерот немаше никакви активности се додека не ги доби резултатите од тестирањето.
Залудни се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не може да го спаси Пецаков од одговорност за своите постапки.