fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие неспособноста на своите градоначалници кои ништо не сработеа во првите три месеци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ да престане со конструкции и оправдувања да ја прикрива неспособноста на своите градоначалници.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Данела Арсовска веќе трет месец ги водат општините и Град Скопје и редно е конечно да се фатат за работа, да реализираат проекти и решенија.

Данела Арсовска е најслабиот градоначалник на Скопје, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се со најмалку проекти во првите сто дена од мандатот.

Колку работат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ говори и соопштението од Белиот дворец каде од четириесеттина општини се наведени одвај три проекти.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, не реализираа ниту еден свој проекти во првите месеци од мандатот, со ништо не помогнаа за енергетската криза, но затоа ги партизираат општинските администрации, прекинуваат проекти и набавуваат чоколадни бонбони и сокови во време на криза.

ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да ја сокрие неспособноста на своите градоначалници, кои многу ветуваа, а ништо не исполнија и ја изиграа довербата на граѓаните.

Последни вести