fbpx

Данела Арсовска е најслабиот градоначалник на Скопје, во Кисела Вода нема ниту еден проект

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на СДСМ, Симона Јовеска, советничка во Советот на Општина Кисела Вода

Почитувани,

Данела Арсовска како во цело Скопје така и во Кисела Вода досега не спроведе ниту еден свој проект, но тоа не ја спречи денеска повторно да ги лаже граѓаните на Кисела Вода.

Наместо работен состанок посетата на Арсовска денеска траеше само 15 минути, по што градоначалничката и градоначалникот Ѓорѓиевски излегоа од големата сала и се затворија во кабинетот на градоначалникот.

Арсовска не може да спроведе проекти кои се од градска надлежност а не пак да ветува проекти кои се во надлежност на Општина Кисела Вода.

Каков менаџер е Арсовска говори салата „Расадник“ овде во Кисела Вода со која таа стопанисуваше со години.

Долг за струја од 54.000 евра, нереновиран покрив, паркет и соблекувални е резултатот од менаџирањето на Арсовска со „Расадник“.

Овде во Кисела Вода, Арсовска ја прекина и изградбата на булеварот Борис Трајковски кон населба Драчево.

Освен поставување мобилни тоалети и нивелирање на една шахта, Арсовска ништо друго не сработи во првите два и пол месеци од мандатот.

Но затоа, Арсовска ги партизираше јавните установи и претпријатија под надлежност на Градот и во градската администрација вработи 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Два и пол месеци граѓаните на Кисела Вода и Скопје сведочат на неспособност и неработење на градоначалничката Арсовска.

Арсовска и Орце Ѓорѓиевски се големо разочарување, наместо да нудат решенија и да реализираат проекти тие се грижат единствено за личните и интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Последни вести