fbpx

Костовски ги излажа граѓаните, општинската зграда не стана поликлиника

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на СДСМ, Мартин Бошковиќ, советник во Советот на Општина Бутел

Почитувани,

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски ги излажа граѓаните.

Костовски во кампањата ветуваше нова поликлиника и најави дека уште во првиот месец од мандатот ќе ја отстапи општинската зграда за да стане поликлиника.

Денес, по три месеци од мандатот, Бутел нема нова поликлиника, а градоначалникот Костовски не ја отстапи општинската зграда и најави дека воопшто нема намера да го стори тоа.

Ова е неодговорно и нечесно однесување кон граѓаните на општина Бутел од страна на Костовски.

Костовски исто како неговиот шеф Мицкоски е лицемерен и ги лаже граѓаните.

И Костовски исто како Данела Арсовска во првите месеци од мандатот, освен партизација на општината не направи ништо за Бутел.

Бутел и граѓаните не заслужуваат ваков неодговорен градоначалник.

Последни вести