Прес-конференција на СДСМ, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Почитувани,
Здравствениот систем, сите надлежни институции веќе трета година посветено се борат против пандемијата на вирусот Ковид 19.
На сила се уште се протоколи и мерки за заштита од ширење на коронавирусот.
Но додека медицинскиот персонал е истоштен од долгата и напорна борба против вирусот, Христијан Мицкоски продолжува со своето неодговорно однесување.
Додека неговата ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за здравјето и бара наставата да се одвива онлајн, целата јавност го виде Мицкоски како во тесна просторија полна со луѓе, ги крши протоколите за заштита од коронавирусот.
И не е првпат Мицкоски без срам да го загрозува јавното здравје. Јавноста многу добро памети дека за време на првиот бран, тој одеше во кафеани и фитнес центри кои во тој период не смееја да работат.
Од почетокот на пандемијата па до денес, Мицкоски постојано ги крши мерките, а тоа го прават и други високи функционери на неговата ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу нив е и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој наместо резултатот од тестирањето да го чека во самоизолација, тој присуствуваше на настан со илјадници луѓе.
И наместо да го осудат таквиот потег, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дополнително лажеа и правеа конструкции преку кои се обидуваа да го одбранат градоначалникот за неговото несовесно постапување.
Почитувани,
Да се постапува спротивно на мерките за заштита не само што е неодговорно, туку е и опасно по јавното здравје.
Секој од нас, а особено политичарите има обврска со сопствен пример да покаже одговорност во време на вакви тешки пандемии.
Сите ние треба да ги почитуваме Ковид протоколите, а оние кои не се вакцинирани тоа да го сторат што поскоро.
Само така ќе ставиме крај на оваа пандемија, само така животот ќе се врати во нормала.