Одговори на новинарски прашања, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Одговор: Заложбата на СДСМ е секогаш за унапредување и зголемување на платите на работниците особено тоа зголемување се однесува на минималната плата. И самите рековте дека се наоќаме во период на економска криза, здравствено-економска криза но и период на енергетска криза сето тоа има влијание и во рзадвижувањето на економијата и во стопанството иако се очекува дека тоа во овој период че заздравува, дека тоа разфвижување ќе счедува, ќе биде уште поочигледно сепак мора да се обезбеди и едно одржливо стопанство. По реакциите на работодавачите затоа Владата седна на маса бидејќи тоа се засегнатите страни во однос на ова прашање и ние се надеваме дека овие денови веќе ќе добиеме и конкретен договор.
Одговор: За граѓаните и за квалитетот на нивниот живот колку е поголема платата тоа е толку подобро. Меѓутоа треба да се разгледаат секако сите фактори којшто влијаат на тоа колку и кога може да се зголеми платата и сега додека траат преговорите понудени се и нови методологии на пресметки на минималните плати, не би навлегувала во дискусија дали е тоа доволно или не, секако поголеми плати – поубаво живеење за сите граѓани.
Одговор: СДСМ како партија секогаш е на страната на работниците, ќе се залага тие да добиваат соодветни примања за својот вложен труд но да оставиме сепак да видиме како ќе завршат преговорите.