Соопштение за јавност
Во својот отчет градоначалничката Данела Арсовска ги излажа граѓаните дека во првите 82 дена од мандатот ги исчистила сите депонии во Град Скопје.
Додека Арсовска без трошка срам ги лаже скопјани дека подработува нешто, дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени.
Истата слика може да се види во секоја скопска општина, депониите не само што не се чистат, туку и секој ден се создаваат нови.
Единственото нешто што Арсовска во 82 дена од мандатот направи е поставување на мобилни тоалети, нивелација на шахти и партизација на градската администрација.
На целата јавност и стана јасно дека Арсовска е убедливо најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје.
Скопјани не заслужуваат ваква неспособна градоначалничка која знае само да бара оправдувања за своето неработење.