Соопштение за јавност
Вечерва на Денот на социјалната правда Санела Шкријељ, член на Комисијата за труд и социјална разговараше со жените во Ресен за сите актуелни политики за унапредување на правата на жените и родовата еднаквост.
Шкријељ истакна дека без родова еднаквост нема социјална правда.
Шкријељ истакна дека Влада со своите позитивни политики посвети посебно внимание на зголемувањето на платите, особено на минималната плата и тоа во индустриите каде што претежно работат жени.
„За две и пол години минималната плата ја зголемивме за 60%. Беше 9.000 денари, сега е 14.500 денари. Платите ќе продолжат да растат а тоа се гледа по искористеноста на мерката за субвенционирање на придонеси за раст на плати која што многу висока. За два месеца оваа мерка ја искористија 20.000 компании коишто им ја зголемија платата на 104 илјади работници”, рече Шкријељ.
Шкријељ посочи дека со социјалната реформа досега речиси 33 илјади деца се опфатени со користењето на детскиот додаток со тоа што силно се работи на намалување на детската сиромаштија.
За поголема застапеност во носењењто на важните одлуки во општеството на кандидатските листи за прв пат СДСМ настапува со ист број на жени и мажи.
“Педесет со педесет е соодоносот што треба да го отсликува нашето општество. Сите одлуки ќе ги носиме заедно, подеднакво силни и гласни, еднакво застапени, како што доликува на секоја прогресивна и демократска земја. За ова се боревме и во оваа насока продолжуваме”, рече Шкријељ која ги повика жените да се кандидираат за пратенички.