fbpx

Две минимални плати од 18.000 денари се доволни да се наполни кошничката, го унапредуваме животниот стандард

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повисока минимална плата која изнесува 18.000 денари ќе добиваат 80.000 работници од месец март.

Тоа е над 100% во однос на минималната плата во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога изнесуваше 8.800 денари.

Новиот раст на минималната плата ќе обезбеди зајакнување на економскиот стандард на граѓаните.

Напредок се забележува и во висината на минималната плата со синдикалната кошница.

Официјалните податоци на ССМ говорат дека во 2014, во време на ВМРО-ДПМНЕ, вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. А за да се наполни оваа кошница во 2014 потребни биле 4 минимални плати.

Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари. Со новото покачување на минималната плата, две минимални плати се доволни да се наполни кошничката а остануваат и нешто помалку од илјада денари.

Може да се направи споредба и со цените на горивата, кога без криза, во 2012 година, евросупер се продавал за 89 денари, а сега среде енергетска криза цената е 81 денар за литар.

За 9 отсто е зголемена кошницата за седум години, а минималната плата за истиот период е зголемена за 100%.

Сите овие податоци покажуваат дека СДСМ сериозно го унапреди економскиот стандард на граѓаните.

Достоинствени плати, вреднување на трудот на работниците остануваат наш приоритет од кој не отстапуваме.

Последни вести