Соопштение за јавност
Лицемерен е амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите во јавниот сектор кога целата јавност гледа дека истата таа партија 10 месеци ги блокира законските измени со кои 4.700 наставници во основното и средно образование ќе добијат трајно вработување и поголеми плати.
Како што Владата веќе најави и кажа на економско -социјалниот совет, дијалогот за усогласување на платите во јавниот сектор ќе следи, секое усогласување на платите во јавниот сектор ќе се одвива низ преговори и социјален дијалог а не преку несоодветни, популистички амандмани.
СДСМ за четири и пол години во три наврати ја зголемува минималната плата и денес таа е двојно поголема отколку во 2017 година.
Покрај минималната плата, во овие четири и пол години бележиме сериозно зголемување и на платите во образованието, здравството, детската и социјалната заштита, полицијата, судството и одбраната…
Со СДСМ платите растат многу побрзо, остануваме посветени на реализација на мерките и политиките кои обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани.