Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Денеска се потврди целата вистината за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, преку признанија на некогашни високи функционери од оваа партија.
Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер признаа вина по обвиненијата во судскиот предмет „Титаник“.
Денешното признание е потврда за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, за сите изборни измами на режимот предводен од Никола Груевски.
Злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на пари.
Ова е показател како ВМРО-ДПМНЕ со години ја фалсификувало изборната волја и како биле злоупотребени парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е злостронучко здружение!
Затоа во време на ВМРО-ДПМНЕ немаше пари за народот, затоа минималната плата беше на половина од сега, само 8.800 денари, затоа платите беа мизерни а граѓаните едвај преживуваа.
Ова е причината и зошто ВМРО-ДПМНЕ овие денови отвораат теми кои немаат врска со реалноста.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат образ да зборуваат ниту за плати ниту за пензии.
Треба да се извинат и да ги вратат парите, назад кај граѓаните.
Одовде, од пред белиот дворец, симболот на криминалот и коруцпцијата ја упатуваме порака дека правдата излегува на виделина и секој одговара пред законите.